ПО КАБЕЛСКИТЕ МРЕЖИ ВО ЗЛЕТОВО И ПРОБИШТИП, „ТЕЛЕКАБЕЛ“ ГО КУПИ И ОХРИДСКИ „ИНФЕЛ“: 25 годишниот оператор сега и официјално има нов сопственик
Објавено во: Финансии, Македонија 13 Март, 2024 07:00
„Телекабел“ и официјално од вчера е сопственик на охридскиот кабелски оператор „Инфел“, кој по 25 години го смени својот сопственик.
„Би сакале да ве информираме дека од денес и официјално Телекабел стана сопственик на кабелскиот оператор Инфел од Охрид. Инфел е меѓу првите кабелски оператори во државата и во изминатите 25 години успешно се развиваше на територијата на Охрид и околните населби.
Среќни сме што со оваа купопродажба Телекабел ќе добие нови корисници, ќе ги задржи сите вработени на Инфел и заедно со нив во иднина ќе работиме на подобрување на услугите и побрзо поставување на оптички кабел до секој корисник.
Пред 3 години Телекабел ги купи кабелските мрежи во Пробиштип и Злетово, а од тогаш до сега направена е модернизација на мрежата, поставен е оптички кабел и приклучени се многу нови корисници.
Целта на Телекабел е побрза замена на коаксијалната мрежа со оптичка во сите градови каде што Телекабел работи, со што имаме намера за кратко време да станеме првиот оператор кој ќе работи комплетно со сопствена оптичка мрежа до краен корисник.
Со тоа не само што корисниците добиваат брз и стабилен интернет преку најсовремениот начин на поврзување, туку интервенциите и проблемите во мрежа се минимални и не зависат од надворешните и временските услови.
Телекабел е единствената компанија која 27 години работи без обврзувачки договор. Нашата политика е дека секој корисник треба да има избор, а операторот е должен со квалитетна услуга да го задржи - без пенали, уцени и обврзувачки договори. Благодарни сме што нашите корисници го препознаа нашиот труд, фер однос према нив и нашата заложба за неограничени можности и слобода, и со години се наши лојални корисници.
Ќе продолжиме и понатаму да бидеме во чекор со новата технологија и да работиме на развој и одржување на компанијата која 27 години бележи контунуиран раст на Македонскиот пазар“, информираа од „Телекабел“.
ФОТО: Телекабел/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




