По колку пари од семејниот буџет трошиме месечно за кредити
Објавено во: Финансии 15 Август, 2018 07:35
Парите што влегуваат во домаќинствата најчесто се од плата или пензија, а освен за храна, комуналии и домување, граѓаните се повеќе пари трошат на отплата на кредитите. Според најновите податоци кои се однесуваат за 2017 година, секое домаќинство троши за кредитни рати, дури четири отсто од вкупните месечни примања, во просек. Овој процент расте од година в година што упатува секако на зголемената задолженост на македонските домаќинства.
Податоците од Државниот завод за статстика кои ги обработи и Народната банка во најновиот извештај покажуваат дека ако се анализираат приливите, расположливите парични средства на домаќинствата во најголем дел се однесуваат на редовни и повремени примања од работен однос и старосни, инвалидски и семејни пензии.
Значително помал дел зафаќаат примањата од постојани или повремени хонорарни активности и нетопримањата од земјоделството.
„Од аспект на потрошувачката, околу две третини од употребените парични средства на домаќинствата се однесуваат на храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки, домување, покуќнина и комуналии. Отплатите на кредити зафаќаат околу 4 отсто од употребените парични средства и бележат раст во однос на претходната година, што ја потврдува зголемената задолженост на домаќинствата, стои во извештајот.
Инаку соодносот помеѓу употребените и расположливите пари на домаќинствата во 2017 година е речиси непроменет и веќе втора последователна година искористените не ги апсорбираат во целост расположливите парични средства, што создава простор за остварување повисоки заштеди.
A.Т.Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




