По „Ковид летот“ носењето маска стана задолжително во Финска
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Август, 2020
Откако од Скопје во Финска слета авион со заразени патници, носењето маска станува задолжително.
Премиерката на Финска, Сана Марин изјави дека маските треба да се носат во ситуации кога социјалното растојание не е можно, како на пример во јавниот превоз.
Владата одлучи да го преземе чекорот откако бројот на ново заразените се искачи на 41, што е најголем број од мај.
Луѓето на возраст од 15 и повеќе години, кои се наоѓаат на преполни места, треба да ги носат. Исклучоци се регионите каде што не се пријавени нови случаи во последните две седмици.
Здравствените претставници денеска објавија 41 нови случаи на ковид-19, што е најголем дневен број од крајот на мај.
Претходно неделава во Финска слета авион со 24 позитивни патници, кои полетале од аеродромот од Скопје..
Од почетокот на пандемијата, во Финска се регистрирани 7.683 случаи на коронавирус, а починале 333 лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.