08 Декември, 2025
0.1309

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2025 15:22

Добивај вести на Viber

Проектите без економска логика како јасен индикатор за корупција. Ова одамна стои во документите на Светска Банка и ОЕЦД („Red Flags of Corruption in World Bank Projects“, „Warning Signs of Fraud and Corruption in Procurement“, „Infrastructure Anti-Corruption Toolbox“).
Ова го истакна професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, и притоа посочи дека „отсуството на економска логика е најсилниот аларм дека зад некој проект стојат мотиви кои не се од јавен интерес“.
- Владата упорно го турка мегапроектот за брза пруга со докажан негативен економски ефект, а истовремено на истиот простор го упропастува и потиснува проектот „Вардарска Долина“ кој е гарантирано профитабилен, критично важен за енергетската независност и стратешки корисен, што не може да се толкува како нормална грешка во приоритети. Тоа е класичен пример на штетно политичко дејствување со сомнителни мотиви.

Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција. Секоја власт, каде било во светот, кога турка проекти кои имаат негативна нето-сегашна вредност (NPV), негативна внатрешна стапка на поврат (IRR), немаат студија за оправданост, немаат финансиска конструкција, немаат кост-бенефит анализа, немаат реална потреба што го оправдува инвестирањето, бараат огромни долгови без јасен план за поврат, тоа не го прави за доброто на граѓаните - напоменува Трајковски. 

Тој додава дека ова се прави затоа што во неконтролирани инфраструктурни проекти најлесно се скриваат провизии, најлесно се договараат минимум 10% за политичките актери, преку договори од типот „проектирај и гради“ (D&B - design &build) според жолт или златен FIDIC се зголемува цената во текот на изградбата без контрола, а јавноста е уморна, финансиски необразована и тешко ги следи бројките. Токму ова е сценариото за брзата пруга.

- Брза пруга со гарантирани загуби во нормални држави е невозможно да помине. Брзата пруга Табановце–Гевгелија нема никаква патничка побарувачка, нема физибилити студија за оправданост, нема анализа за промет во товарниот сообраќај (моментално 0,86 милиони тони годишно наместо минимум 5 милиони тони за нулта профитабилност и тоа без нова пруга), земјата има мал пазар и кратки растојанија каде по дефиниција пругата е економски бесмислена и нема ниту една независна студија која ја оправдува.

Патнички брзи пруги се градат само меѓу мегаполиси (на пример Пекинг-Шангај, Париз–Лион, Токио–Осака), или каде што постои огромен приградски сообраќај. Ние немаме ништо од тоа. Најважното е што ЕУ веќе 20 години финансира железница на истиот коридор (Куманово-Бељаковце, Битола-Жабени), но без ниту едно барање за брза пруга! Едноставно затоа што не е економски оправдано.

Од друга страна, имаме алтернатива: 12 хидроцентрали со гарантирана профитабилност, стратешки интерес и физибилити студија што наши и француски инженери ја изработувале 6 години. За малку помала сума (1,8 милијарди евра) државата може да го намали увозот на струја за 50%, да го балансира производството на фотонапонските и ветерните централи, да го намали потребниот капацитет за складирање на електрична енергија од ОИЕ, да создаде нов, стабилен извор на приходи за буџетот, да отвори илјадници работни места директно и индиректно, да го зголеми нашиот, наместо британскиот БДП, да го намали буџетскиот дефицит наместо да го зголеми, да ја намали зависноста од јаглен и гас и да ја зголеми енергетската независност и сигурност - објаснува Трајковски. 

Потоа дополни дека хидроцентралите имаат висок NPV (за 20 години 825 милиони евра над бараната стапка на принос од 6% при отплатена инвестиција) и висок IRR (21% без ЕУ грант, а до 35% со грант), јасно предвидливи приходи, минимални оперативни трошоци (само 15% од приходите наспроти преку 100% кај пругата) и работен век од 60 до 100 години.

- Во секоја нормална држава, ова би бил приоритет број 1!

Што значи кога владата бира загуба наместо профит? Тоа значи дека бира проекти со кои може да се краде, наместо проекти што ја зајакнуваат државата. Едноставно, хидроцентрала не можеш да ја преплатиш 5 пати. Се гледа сѐ: бетон, турбини, акумулација, мегавати. Кај брзата пруга можеш се и тоа многу лесно. „Непредвидлив терен“ - ете 300 милиони нови трошоци.

Инфлација - уште 200 милиони, регулаторни промени - уште 150 милиони. Сигурносно зголемување на трошоци - додај уште 250 милиони…

До крајот на проектот цената може да се удвои, а граѓаните нема да дознаат што се случува, иако власта ќе ги задолжува и ќе ги лишува од развој и економски просперитет.

Ете затоа се турка пругата, а не хидроцентралите. Ова е класичен пример на зделка без економска логика, односно аларм за корупција. Се разбира, во моментот не можеме да тврдиме дека се случила корупција бидејќи делото се уште не се случило, но патот е јасно трасиран.

Владата избира проект со загарантирани загуби, ги игнорира профитабилните алтернативи, одбива анализи, ги криe договорите, ја дезинформира јавноста преку своите пропагандни медиуми, ја задолжува државата со 2–3 милијарди евра за нешто што НЕ НОСИ ПРОФИТИ ТУКУ ГЕНЕРИРА ЗАГУБИ. Тоа не е развој, туку поплочен пат за упропастување на државата и богатење на политичката олигархија - заклучува на крајот професорот. 



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена