17 Декември, 2025
0.0449

ПО НАПИСИТЕ НА ФАКТОР ПРОРАБОТЕ РЕНТГЕН АПАРАТОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ: На Институтот за радиологија НЕ, директорката Белчевска тврдеше обратно

Објавено во: Македонија 18 Август, 2022 07:28

Добивај вести на Viber

Откако Фактор објави дека со денови не работат апаратите за рентген снимање на Хируршките клиники и на Институтот за радиологија, веднаш стигнаа реакции од директорката на Клиниката за институтот за радиологија, д-р Гордана Антулеска Белчевска. Имено, прво информираше дека на Клиниката за хирургија апаратот е поправен и од денеска е ставен во функција. По ова, Фактор се обиде да ја контактира за да даде изјава, но таа не се огласи на нашите повици.

Два часа подоцна, директорката Белчевска побара да објавиме демант, бидејќи и вториот апарат бил во фунција, на што нашата реакција беше дека нема што да демантира, бидејќи информацијата е точна и проверена на терен, така што можеби апаратите од вчера биле во функција, но не и претходно, односно завчера со сигурност не работеа. Сепак, во интерес на пациентите, како што одговоривме, ќе направиме нов текст за да знаат и да не „трчаат“ да одат во приватните здравствени институции или во некоја болница каде што може да ја добијат таа здравствена услуга.

За да обезбеди најточни и најсигурни информации, Фактор повторно излезе на терен. Рентген апаратот на Клиниката за Хирургија навистина работи, а тоа ни потврдија и вработените шалтерот. Но, овој дијагностички апарат на Институтот за радиологија се уште не работи.

-Уште е на сервис, не знаеме кога ќе биде готов, немаме никакви подетални информации, ни потенцираа од приемните шалтери на Институтот за радиологија.

По ова Фактор побара да и биде пренесено на директорката Белчевска (која цел ден беше недостапна, односно не одговараше ниту на повиците, ниту на СМС пораките, како и на Вибер, дека ќе објави текст дека апаратот не е во функција, утврдувајќи го тоа на терен, сосема спротивно на нејзините тврдења. Кусо по нашето укажување, д-р Белчевска се јави на Вибер, и тврдеше дека двата апарати работат, посочувајчи ги Клиниката за Хирургија и Ургентниот центар, иако тој во ниту еден момент не беше споменат во претходниот текст што го објави Фактор.

Во однос на рентген апаратот на Институтот за радиологија, за кој конкретно пишува Фактор, директорката Белчевска рече, дека не е запознаена со тоа, бидејќи последните два дена не била тука, и дека најверојатно не сме се разбрале најдобро за кој апарат станува збор.

По телефонскиот разговор, на Вибер дополни:

Инаку, Институтот за радиологија во текот на ова лето е постојано во фокусот на јавноста. Кон крајот на јуни тешко болни пациенти се пожалија дека резултатите од направените снимања, компјутерска томографија и магнетна резонанца не им се прочитани со месеци. Сега, пак, потребните рентген снимања кои мора да ги направат заради точна дијагностика, а следствено на тоа и точно одредување терапија,  мора да одат или во ГОБ „8 Септември„ или пак во старата градска болница. На оние кои им дозволува буџетот, снимки прават во приватните здравствени институции.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра