Добивај вести на Viber
Со 56 гласа „за“ и 2 „против“, но во отсуство на дел од опозицијата, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот. По повеќе денови остра расправа, владејачкото мнозинство сепак ги изгласа измените за трошењето на државните пари.
За опозицијата беше спорен целиот буџет бидејќи се донесе без нив, во екот на насилствата и инцидентите од 24 декември. Во салата за време на гласањето присутни беа 67 пратеници, а опозиционерите предводени од СДСМ не гласаа.
„ВМРО-ДПМНЕ толку го погази угледот на оваа држава, тоа што не и успеа 22 години на Грција или на Бугарија или на некои други политички, во наводници, опоненти на државата“, истакна Игор Ивановски, од СДСМ потсетувајќи на црниот понеделник.
На ваквите изјави се спротивставија од ВМРО ДПМНЕ, од каде вратија дека 24 декември беше обид на опозицијата да предизвика хаос и безредие и насилно ја се преземе власта.
Со усвоениот ребаланс дефицитот расте за 3,9% со пари од буџетот или со 30 милиони евра. Со ова Фондот за пензиско и инвалидско осигурување добива околу 17 милиони евра, а пари се влеваат и во касата на Министерството за образование.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.