15 Јануари, 2025
0.0257

По падот на цената на гасот и мазутот, парното греење треба да поевтини за 12 отсто!

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Нема никакво намалување на цената на парното греење, потврдија од Балкан енерџи груп, руската фирма која го превзеде бизнисот со Топлификација и ги испорачува јануарските сметки за парно греење Цената на парното греење е иста, не е намалена, потврдија за Фактор од Балкан енерџи груп и додаваат дека сметките за парно греење кај некои потрошувачи биле помали, поради тоа што компанијата испорачала помалку топлинска енергија заради топлата зима, а тоа го пишувало и на самите сметки кои ги добивале потрошувачите. Од Балкан енерџи груп потврдуваат дека компанијата не поднела никакво барање до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на цената на парното греење, бидејќи како што велат сеуште се правеле анализи. „Исто така не е променет ниту терминот до кога ќе испорачуваме топлинска енергија, а тпа што во некои домови радијаторите подолго време се топли е затоа што правиме издржливост на системот“, изјавија за Фактор од Балкан енерџи груп. Од јануарските сметките кои што се пристигнати кај некои граѓани, некои се намалени за 5 до 20 денари, кај некои има поголемо намалување, а кај некои и зголемување. Порамнување како што пишувало на сметките ќе има во јуни. Макпетрол повторно ја намали цената на гасот, а кога ќе поевтини парното греење? Макпетрол објави ново намалување на цената на природниот гас од 3 %, која е втора корекција на цената од почетокот на годинава. Претходно, Макпетрол го поевтини гасот за 17% и овие три проценти сега, така што вкупно од почетокот на годинава до сега цената на гасот се намали за 20%. Сега на потег е регулаторната комисија за енергетика, која треба да донесе нов правилник за утврдување на цената на парното греење, а потоа и да донесе одлука за намалување на цената. „Со оглед на фактот што регулаторите го поевтинија гасот, но и мазутот, двата клучни енергенси за производство на топлинска енергија, сега по донесување на правилникот цената на парното греење во најмала рака треба да се намали за 12%“, велат доброупатени  извори за Фактор. Дозволува ли законот поевтинување на парното без одлука од регулаторот? Од Регулаторна комисија за енергетика потврдуваат дека до нив нема никакво барање за корекција на цената на парното греење. Но, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров за телевизијара 24 Вести објаснува дека законот дозволувал поевтинување и без одлука на регулаторот. „Енергетските компании не можат да ја зголемуваат цената затоа што нашата одлука одредува максимална цена. Додека за намалување по секој основ може, затоа што одлуката не може да падне на суд, поради тоа што е поволна за потрошувачите“, изјави за 24 Вести Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Од први јануари скопјани парно греење добиваат од Балкан енерџи груп Од почетокот на годинава обврската за производство, дистрибуција и снабдување  со топлинска енергија е во рацете на  руската компанија Балкан Енерџи Груп која од Топлификација презеде околу 400 вработени. Балкан енерџи Груп воведе и некои новини со кои го продолжи времетраењето на испораката на енергија до 23 часот. Претходно Топлфикација ги врати сите лиценци потребни за работа бидејки работеле нерентабилно. И.М.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања