17 Април, 2025
0.0561

ПО ПАУЗА ОД ЕДЕН МЕСЕЦ, БЛОКОВИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА БЕРЗАТА, СЕ КУПУВААТ АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - се враќа ли и досега „подзаспаниот“ интерес на инвеститорите

Објавено во: Финансии 11 Април, 2025 07:05

Добивај вести на Viber

По пауза од речиси еден месец, завчера и вчера се случија првите блок трансакции на Берзата воопшто, а тие беа со акциите на Комерцијална банка. Не станува збор за големи акционерски пакети, напротив, беа продадени ситни акционерски количини, за однапред познат купувач.

Не е јасно дали досегашното едномесечно воздржување на инвеститорите од блок трансакции има воопшто некаква врска со големата национална трагедија во Кочани, но факт е дека на 13 март се случи последниот берзански блок, а токму тој датум некако коинцидира со оној кобен 16 истиот месец. И како што веќе напишавме, по пауза од речиси еден месец, на 9 и 10 април се случуваат две блок трансакции, и двете со акции на најголемата банка во земјава.

Завчера беа продадени за однапред познат купувач 313 акции на Комерцијална банка по цена од 28.300 денари за акција, или за нив купувачот вкупно плати 144 илјади евра, додека, пак, вчера помина блок од 100 акции, по цена од 28.800 денари за акција, или за таа количина купувачот вкупно плати сума од околу 47 илјади евра. 

Треба да се истакне дека постигнатите цени на блоковите се многу слични со оние по кои во двата дена се тргуваше на редовниот берзански пазар. А тоа не се највисоките цени кои досега ги постигнала акцијата на Комерцијална.

Имено, ако се гледа линијата на движење на цената, ќе се забележи дека пикот беше достигнат на 20 јануари годинава, кога една акција се продаваше просечно по 30.960 денари, за потоа да продолжи блага надолна линија на цените на овие хартии од вредност. Најниската цена во последниов период била на 7 април, кога акциите се продаваа за 27.286 денари за акција на редовниот пазар, за потоа цената пак да тргне нагоре, и вчера да затвори со 28.807 денари за акција.

Но, еден друг графикон покажува многу интересна работа, а тоа е дека на вчерашното тргување на редовниот пазар беше истргувана огромна количина како никогаш во последнава година, а тоа беа 1.310 акции, што е многу повеќе и од двата блока.

На крајот на март годинава пазарната капитализација на Комерцијална банка беше 1,093 милијарди евра, што е сепак пониско од еден месец претходно, крајот на февруари, кога пазарната капитализација изнесувала 1,135 милијарди евра. Што е сума која би се постигнала доколку одеднаш се продадат сите акции на банката.

Тоа значи дека во март како да стивнала „возбудата“ на инвеститорите по купувањето акции на Комерцијална банка, но сега во април, се појавуваат некакви своевидни проблесоци, кои најавуваат нов можен зголемен интерес за акциите. 

Маја Стевковска Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, во своето годишно менаџерско обраќање до инвеститорската заедница преку Македонската берза, вчера рече дека 2024 била уште една успешна година за Комерцијална.

„Беше остварена нето добивка од 4.924 милиони денари, што е рекорден годишен раст за 37,5 отсто. Таа нето добивка е остварена во услови на нагласени ризици од надворешното опкружување, при што домашната економија забележа одредена стабилизација во однос на кризните периоди кои претходеа. Тоа придонесе за поттикнување на инвестициските циклуси во реалниот сектор, во чија поддршка банката учествуваше преку зголемен обем на кредитирање, при што кредитите дадени на коминтетнти достигнаа 72.975 милиони денари. Се пласирале и средства во инструменти со помал ризик, но со задоволителен принос. Високата доверба од штедачите и депонентите продолжува, па депозитите достигнаа 153.402 милиони денари, што е раст за 7,6 отсто. Важен показател за нашата финансиска сила е стапката на адекватност на капиталот, која изнесува 19,26 отсто, што го овозможува идниот раст на банката во услови на постојано зголемување на регулаторните барања. Дивидендата која ќе се исплати за 2024 година е 1.250 денари по акција. Овие бројки се доказ за нашето одговорно и одржливо работење, и ефикасно управување со ризиците и зголемување на вредностите за клиентите, акционерите, и сите други засегнати страни“, рече, меѓу другото, Штериева.

Комерцијална банка неодамна одржа акционерско Собрание, на кое одлучи исплатата на дивидендата да стартува на 7 мај годинава, а поради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите, акционерите одлучиле дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, напишаа тогаш од банката, потенцирајќи дека ова исто така го зголемува нејзиниот вкупен капитал. 

Инаку, неодамна Народна банка на Македонија ги објави податоците за активата на 13-те банки кои функционираат и работат во земјава, и според нив, Комерцијална банка има на крајот на декември 2024 година вкупна актива од 2,905 милијарди евра. Тоа значи дека според активата оваа банка се доближува до психолошката граница од три милијарди евра, што и би можело да се очекува веќе и во наредниот квартал, ако се има предвид дека во однос на периодот од три месеци претходно, односно заклучно со третото тримесечје од минатата година, активата на Комерцијална банка пораснала за дури 157 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО ИЛИАС ПАПАДОПУЛОС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА: Има силни деловни врски и многу простор за зголемена соработка

ИНТЕРВЈУ СО ИЛИАС ПАПАДОПУЛОС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА: Има силни деловни врски и многу простор за зголемена соработка

КУПИВТЕ ШТО КУПИВТЕ, СЕГА И ТЕМУ ПОСКАПУВА: Имате рок до 25 април да си пазарите по „багателни“ цени

КУПИВТЕ ШТО КУПИВТЕ, СЕГА И ТЕМУ ПОСКАПУВА: Имате рок до 25 април да си пазарите по „багателни“ цени

ОВА Е БИЗНИС НА ИДНИНАТА: Новата златна треска на дигиталната економија

ОВА Е БИЗНИС НА ИДНИНАТА: Новата златна треска на дигиталната економија

СЕ ПРОДАДОА БЛИЗУ ПЕТ ПРОЦЕНТИ ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА - БАНКАТА ТВРДИ: Не сме на продажба

СЕ ПРОДАДОА БЛИЗУ ПЕТ ПРОЦЕНТИ ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА - БАНКАТА ТВРДИ: Не сме на продажба

СКАПА „ЉУБОВ“: Го гушнал Шолц, па сега треба да плати казна од 4.500 евра

СКАПА „ЉУБОВ“: Го гушнал Шолц, па сега треба да плати казна од 4.500 евра

ГРУПАЦИЈАТА НЛБ ОД ЉУБЉАНА СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СВОИТЕ АКЦИОНЕРИ: Има намера да им исплати 257 милиони евра во форма на дивиденда

ГРУПАЦИЈАТА НЛБ ОД ЉУБЉАНА СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СВОИТЕ АКЦИОНЕРИ: Има намера да им исплати 257 милиони евра во форма на дивиденда

ЗЛАТОТО СЕ „ОЛАДИ“ ПО РЕКОРДОТ - еве какви се очекувањата на економистите за следниот период

ЗЛАТОТО СЕ „ОЛАДИ“ ПО РЕКОРДОТ - еве какви се очекувањата на економистите за следниот период

УШТЕ ЕДНА „ЖРТВА“ НА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Поскапувањето на овој производ доаѓа за сите во Европа

УШТЕ ЕДНА „ЖРТВА“ НА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Поскапувањето на овој производ доаѓа за сите во Европа

ВО ОВАА ЗЕМЈА НУДАТ 100.000 ЕВРА АКО СЕ ПРЕСЕЛИТЕ: Локалните власти сакаат да го оживеат ова место, но има една „цака“

ВО ОВАА ЗЕМЈА НУДАТ 100.000 ЕВРА АКО СЕ ПРЕСЕЛИТЕ: Локалните власти сакаат да го оживеат ова место, но има една „цака“