05 Декември, 2025
0.0757

По пост од 4 години НЛБ Тутунска банка ќе подели нето дивиденда од 496 денари за акција

Објавено во: Финансии 09 Април, 2015 09:26

Добивај вести на Viber

Официјалната најава за дивиденда ја зголеми пазарната цена на таа акција за 10 отсто за само еден ден. На последната берзанска цена од 6.056 денари дивидендата е принос од 8,2 отсто, што е највисок принос досега во споредба со сите акции што делат дивиденда за 2014 година. Последен пат дивиденда акционерите добиле за 2009 година и била 430 денари. Една од трите најголеми деловни банки НЛБ Тутунска банка ќе подели нето дивиденда од 496 денари за акција, што е прв пат по четири годишен пост акционерите да добијат принос на своите вложувања во акции во таа голема македонска банка. Оваа официјална вест веднаш ја крена цената на акцијата на 6.056 денари и тоа е највисока пазарна цена во изминативе 12 месеци тргување иако е постигната само со една истргувана акција. И со таа цена акцијата на НЛБ Тутунска банка носи принос од 8,2 отсто, а тоа досега е највисок дивиденден принос во однос на пазарната цена во споредба со сите други акции за кои беше објавено дека носат дивиденда. Акцијата на НЛБ Тутунска банка во изминативе 12 месеци се покажа како сосема солидна инвестиција за инвеститорите. Според официјалните податоци на берзата таа акција во овој период порасна за 3.556 денари од најниската годишна цена која изнесувала 2.500 денари за акција па до последната цена од 6.056 денари за акција. Ако се анализираат податоците за истргуваните количества акции на НЛБ Тутунска банка може да се заклучи дека не смее да се отфрли шпекулацијата дека некои инсајдери знаеле дека ќе следува солидна дивиденда. Податоците покажуваат дека од 23 март до 7 април се истргувани 1.701 акција на НЛБ Тутунска банка во ценовна маргина од 5.350 до 5.450 денари за акција. Тие 1.701 акција чинат 7 отсто од целото истргувано количество акции за период од една година,а и многу повеќе доколку се изземат 6.109 акции кои беа истргувани  на 29 октомври 2014 година што има третман на договорена трансакција заради големината на количината. Ова значи дека во последниве тринаесет трговски дена значаен е прометот со акциите на таа банка, и тоа непосредно пред објавувањето на предлог одлуката за дивиденда. Секако тоа дали информацијата е инсајдерска или не треба да испита Комисијата за хартии од вредност, единствен надлежен државен орган за контрола и мониторинг на македонскиот пазар на капитал. Предлог одлуката за поделба на дивиденда беше обајвена на 7 април веднаш по затворањето на тргување на Македонската берза за хартии од вредност. НЛБ Тутунска банка во својот неревидиран и неконсолидиран извештај објави дека има добивка за 2014 година во износ од 672,64 милиони денари поголема за речиси 50 милиони денари од 2013 година. Лани банката ги зголемила нето приходите од камати за 194 милиони денари на 2 милијарди денари. За 45 милиони денари во однос на 2013 година успеала да ги зголеми и нето приходите од провизии и надоместоци до ниво од 920,5 милиони денари. Кредитните пласмани на коминтенти со исклучок на банките се зголемени за 3 милијарди денари во однос на 2013 година до износ од 38,4 милијарди денари, а депозитите на коминтентите пораснале за фантастички 5 милијарди денари до ниво од 52 милијарди денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката