05 Декември, 2025
0.0548

По препорака на ММФ – засилена контрола врз Јавниот долг!

Објавено во: Финансии 12 Јануари, 2014 08:53

Добивај вести на Viber

Со поголем број на показатели и поголем фокус на оценката за ризиците, Народната Банка оваа година планира да го засили следењето на трендот на задолжувања. Според информациите од најновата Програма за работа на НБРМ,  се планира унапредување на рамката за одржливоста на Јавниот долг во согласност со методологијата на Меѓународниот Монетарен Фонд. Токму претставникот на ММФ, на звршницата од 2013 та година порача дека иако долгот сеуште е на умерено ниво, потребна е финансиска консолидација и засилена контрола. Наворешниот и Јавниот долг – под засилена контрола! Во согласност со методологијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, Народната Банка најавува дека во текот на оваа година ќе ја унапреди и ажурира рамката за оцена на одржливоста на надворешниот и на Јавниот долг. Ова значи дека НБРМ ќе воведе поголем број на показатели за одржливоста на долгот како и поголемо фокусирање на оценката на ризиците. “НБРМ ќе изготви т.н “Стохастичка анализа на одржливоста на долгот којашто овозможува анализа на динамиката на јавниот долг и факторите што влијаат врз него, потоа користење фискален модел за симулации на фискална консолидација или експанзија и  вклучување стрес-тест сценарио за влијанието од фискалните трошоци од финансиска криза врз патеката на јавниот долг “ – пишува во Програмата на Народната Банка. ММФ побара засилена контрола Инфраструктурата за овие истражувања е веќе поставена но таа дополнително ќе се унапреди и надгради. На истекот од 2013 та година, кога беше забележено засилено темпо на раст на Јавниот Долг на Централната Влада, но и раст на Бруто Надворешниот долг, претставникот на ММФ за Македонија,  Патрик Житон упати на засилена контрола врз идните задолжувања. “Долгот на владата се уште е умерен и е еден од најмалите во регионот, но многу е зголемен во текот на изминатите години. Од почетокот на кризата тој се зголемил за 15%, што е значително. Има потреба од контролирање на нивоата на долговите, како и фискална консолидација, што значи дека намалувањето на фискалниот дефицит ќе го поттикне кредибилитетот на политиката и на крај ќе создаде простор економската политика да реагира ако во иднина има некакво опаѓање“ - оцени Житон од ММФ. Сличен став испорача и гувернерот Димитар Богов, кој посочи дека во оваа економска 2014 та година,  ризиците и натаму ќе демнат, но екомскиот раст треба да се потпира на домашните инвестиции. “Треба да направиме се за македонската економија да ја задржи стабилноста, да ги задржи добрите перформаски во иднина а се со цел да остане како цврст столб на сите останати политики во земјава. Со тоа се гарантира и пошироко стабилноста на земјата. “ - изјави Богов и додаде : “Треба да бидеме внимателни за тоа дека во наредната година веќе очекуваме раст на приватниот сектор. Ако до сега растот беше поттикнуван од странските директни инвестиции и од јавните инвестиции, сега треба да настапи и приватниот сектор а со тоа ќе се зголеми и домашната побарувачка. Во такви услови треба да се внимава да не се наруши рамнотежата во домашната економија“ - оцени гувернерот. Груевски: Македонија умерено задолжена Неодамна премерот Никола Груевски изјави дека Македонија останува во зоната на умерена задолженост  и дека Владата внимателно ги менаџира сите идни задолжувања. “Кога ние дојдовме во Владата во 2006-та долгот на Македонија беше речиси 40 отсто од БДП. Во следните две години предвремено се раздолживме и имавме добри економски години. Имаше критики во тоа време дека не е паметно предвремено да се раздолжуваме, но ние мислевме дека тоа ќе ја доведе земјата во една поинаква ситуација. Со тоа раздолжување стигнавме до 25 отсто државен долг. Тогаш никој од нас не знаеше дека следува европска и светска криза. Но, тој потег ни  беше од голема помош за времето на криза. Кога земјите се бореа со долгови, кога бараа начини да излезат од тоа, ние имавме 25 отсто долг“ - рече Груевски, додавајќи дека во најтешката криза во 2009-та Македонија имаше трет најмал пад на економијата. Во текот на оваа 2014 та година Народната Банка планира да изготви и показатели за ранливоста на македонската економија и за одделни земји во регионот. “Наодите од тие показатели ќе овозможат преземање на  рани мерки и навремено спречување на евентуални кризи.“ – објаснуваат од НБРМ. Во буџетската 2014 та и 2015 та година, според Владата јавниот долг ќе се движи околу 34% а  2016 та година би изнесувал 37,6 %.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката