По седум месеци, починатите нема да се погребуваат во лимен сандак: Зошто баш сега?
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020 13:43
Нема детали зошто Владата одлучи сега да дозволи починатите лица кои биле позитивни на коронавирусот да не се погребуваат по залиен лимен сандак? Зошто ова се случува седум месеци по појавата на епидемијата, имало ли прекршувања и зошто семејствата кои имаа смртни случаи се изложуваа на толкави трошоци за сандаците а сега препораките се менуваат? Портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес конференција само изјавија дека протоколот е сменет по препорака на епидемиолозите и Комисијата за зарзани болести.
На вчерашната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на КОВИД-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест КОВИД-19, се врши во затворен и залемен метален сандак.
„Владата наведува дека подготовка, завиткување, транспорт и закопување на мртво тело кое починало од заразната болест КОВИД-19 не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во Правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице.Согласно протоколот и правилникот, ексхумацијата на починатите е дозволено, но не порано од една година, извести вчера Владата.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




