По силниот пад, биткоинот повторно „летна“ - која е причината?

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2021 08:46
Цената на биткоинот повторно летна нагоре по силниот пад во вторникот, искачувајќи се повторно на 50.000 долари.
Ова се случи откако американската компанија за електронски и мобилни плаќања „Сквер“ објави дека ја купила оваа криптовалута во вредност од 170 милиони долари.
На тргувањето вчера утрото во 4:00 часот по источно време, највредната дигитална монета во светот порасна за 7,5 проценти, достигнувајќи цена од 50 683 американски долари, според податоците на CoinMetrix, пренесува CNBC.
Неколку часа порано, цената на оваа криптовалута за момент достигна дури 51.369 долари.
Раст забележаа и другите виртуелни валути, со зајакнување на етреум и XRP за 11,3, односно 7,4 проценти. Таканаречените алткоини, или алтернативни крипто-валути, обично го следат движењето на цените на биткоинот.
„Сквер“ во вторникот објави дека купил 3.318 биткоини по просечна цена од околу 51.235 долари. Компанијата Финтек, водена од извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, рече дека сега биткоинот сочинува околу 5,0 проценти од вкупните средства.
Ова не е прв пат „Сквер' да инвестира во биткоини. Компанијата минатата година ја купи оваа дигитална валута вредна 50 милиони долари.
Почетокот на оваа трговска недела беше тежок за биткоинот, бидејќи тој падна од рекордно ниво од 58.356 долари, регистриран во неделата, на 45.501 долари во вторник за два дена. За тоа придонесе и шефот на „Тесла“, Илон Маск, кој во еден твит оцени дека цените на биткоинот и ривалскиот етер токен растат пребрзо и дека му се чини дека се „превисоки“. Неговата компанија, патем, инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин.
МАСК НА УДАР ОД ДВЕ СТРАНИ: Биткоинот ги потопи неговите акцииМожеби ќе ве интересира
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
