ПО СМРТТА НА МЛАДИОТ ДИМОВСКИ ОД БЕРОВО ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА: Надзор кај матичен лекар, стоматолог, итна медицинска помош Берово и КАРИЛ
Објавено во: Македонија 26 Август, 2022 14:19
Инспекцискиот надзор во Клиничката болница Штип за
починатиот пациент од Берово сè уште е во тек, а дополнително ќе се извршат
и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот
побарал лекарска помош, информираат од Државниот санитарен и здравствен
инспекторат.
– Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот, се вели во соопштението.
По завршувањето на инспекцискиот надзор од ДСЗИ велат дека ќе биде изготвена комплетна информација за констатирана фактичка состојба. Од страна на ДСЗИ, исто така ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надзор до Министерот за здравство.
Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациентот Ј.Д. од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




