ПО ТРИ ДЕНА НАСТАВА - во Франција поради корона се затворени 22 училишта

Објавено во: Свет 04 Септември, 2020 11:20
Учебната 2020-2021 година во Франција почна за сите ученици на 1 септември, со почитување на санитарните мерки и протоколи, но по три дена настава 22 училишта се затворени, откако во нив беа откриени случаи на коронавирус, јави дописникот на МИА.
Францускиот минисѕер за образование Жан Мишел Бланкие, утринава соопшти дека во европскиот дел на Франција се затворени 12 училишта, како и 10 на островот Реунион.
„Во однос на 60.000 основни и средни училишта во Франција, ова е релативно мала бројка“, рече министерот.
„Што се однесува до одделенијата, погодени се околу стотина. Бројката се менува секојдневно. Ние дневно активираме 250 антиковид протоколи. Односно дневно имаме по околу 250 сигнализирани сомневања за зараза со Ковид-19. Интересно е да се забележи дека сомневањата поврани со Ковид-19 во училиштата се поврзани со надворешни фактори“, истакна Жан Мишел Бланкие.
Можеби ќе ве интересира
КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ „УДРИЈА“ ПО БАНАНИТЕ: Страдаат плантажите во Јужна Америка

ХАМАС ОСЛОБОДИ АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК: За Трамп ова е одлична вест

ЛИСТА НА СРЕЌНИ ГРАДОВИ: Европска престолнина е на врвот

ЗЕЛЕНСКИ ОДИ ВО ИСТАНБУЛ: Идејата да дојде и Трамп ја оцени како одлична

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СО ХИМАРС ПОГОДИЈА ХОТЕЛ ВО КУРСК: Русија возврати на ударот

(ВИДЕО) РУСИТЕ ГО НАПАДНАА МАКРОН: Во возот имаше кокаин или марамче?

СЕ ЧЕКА ПРЕСУДА ЗА АФЕРАТА ФАЈЗЕРГЕЈТ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Судот на ЕУ за тајните пораки за набавка на вакцините против ковид

ЧЕТВРТОК – ГОЛЕМ ДЕН ЗА РУСИЈА И УКРАИНА, СВЕТОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ! Путин и Зеленски лично ќе се сретнат во Истанбул, ќе стават ли крај војната?

„ПАПАТА ЛАВ XIV Е АНТИ-ТРАМП И МАРКСИСТ, А НЕГОВИОТ БРАТ Е АНТИДЕМОКРАТ: Тој е во центарот на голем скандал
