По вандалскиот напад Музејот на албанска азбука работи нормално во Битола
Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 16:26
Нормализирана е работата на Музејот на албанската азбука во Битола, а во текот на денот имавме и посета од туристи кои одлучиле во Битола да го прослават празникот 8 Март, изјави за МИА Нуер Арслани, директор на НУ Музеј на албанската азбука во Битола.
– Немилиот настан е зад нас и сакаме да оди во заборав. Ние вработените во музејот веднаш по завршувањето на истрагата, заеднички се ангажиравме, го исчистивме сметот, ставивме нови стакла на скршените прозорци и го оспособивме Музејот за посети. Очекуваме надлежните институции да ги пронајдат сторителите кои предизвикаа материјална штета на Музејот и несакани провокации, кои сите ги осудивме, изјави Арслани.
Како што информираше МИА, осуда за фрлањето Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола искажаа национални и локални институции и политичките субјекти од градот и државата.
Музејот на албанската азбука на јавноста и нуди постојана музејска поставка што содржи 56 фотографии и над 230 документи, увид во записи и книги кои сведочат на времето кога на 22 ноември 1908 година во Битола група албански интелектуалци ја усвоија современата албанска азбука, а минатата година беше отворена и Спомен-соба со 11 восочни фигури на членовите на тогашната Комисија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




