Добивај вести на Viber
За престојното акционерско собрание на дневен ред е и бизнис планот на банката за периодот од 2015 до 2017 година во кој целите се поставени доста амбициозно, но се поткрепени со реални и активни мерки. Според достапните објавени податоци планот е годинава банката да заврши работење со добивка од 36 до 40 милиони евра.
„Стопанска банка Скопје“ планира предвреме да отплати два кредити од 45 милиони евра на својот најголем акционер – грчката банка НБГ. Банката објави предлог одлука што ќе се најде на гласање на акционерското собрание закажано за средината на јули, годинава.
Некои аналитичари и претставници на инвеститорската заедница во земјава овој потег на „Стопанска банка Скопје“ го толкуваат како чистење на биланси што пак во банкарските кругови се толкува како дополнителна консолидација и можна подготовка на НБГ Грција за продажба на најголемата македонска деловна банка на потенцијален купувач.
„Стопанска банка Скопје“ извести дека за својата намера за предвремена отплата побарала и добила таканаречена „претходна согласност“ од Народната банка на Македонија, согласно со нашето национално законодавство. Во претходната согласност нашата Народна банка поставила услов според кој „Стопанска банка Скопје“ пред да донесе одлука за предвремена отплата на двата кредити, мора да донесе одлука и да изврши прераспределба на 35 милиони евра кои сега се дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. Односно за тој износ да не може да се дели како дивиденда туку со него да биде зголемен основачкиот капитал на банката за сметка на износот на акумулираната (т.е. задржана добивка) на банката.
Според образложението дадено од Стопанска банка Скопје кон предлог одлуката за предвремена отплата станува збор за два кредити од кои: првиот одобрен во декември 2006 година на износ од 20 милиони евра кој доспева на исплата за 10 години односно во 2016 година и вториот на износ од 25 милиони евра одобрен и добиен во ноември 2008 година кој доспева на наплата во 2018 година.
Во своето образложение за големата зделка т.е. за предвремена отплата на кредитите Надзорниот одбор на банката наведува дека заради тоа што кредитите се добиени од банката – мајка т.е. од НБГ влијааат на висината на основните средства, цитираме : „согласно важечката регулатива, по истек на петтата година, кредитите се амортизираат по стапка од 20% годишно и соодветно се исклучуваат од пресметките на сопствените средства. Заклучно со 31.12.2014 година, од вкупно ЕУР 45 милиони по основ на двата договори, како неамортизиран дел во пресметките на сопствените средства се вклучува износ од ЕУР 19 милиони. Имајќи го предвид постојаниот стремеж кон континуирано зајакнување на капиталната сила и вкупниот финансиски потенцијал на Банката, СБ заедно со стратешкиот акционер, Национална Банка на Грција (НБГ), ги разгледа можностите за идното движење на капиталната позиција, во контекст на основните деловни и развојни цели, и побара претходна согласност од НБРМ за предвремено враќање на двата субординирани кредити. По ова барање, со Решение Бр. 20766 од 09.06.2015 година, Гувернерот на Народна Банка на Република Македонија издаде претходна согласност за предвременото враќање на субординираните кредити, под услов истата да влезе во сила откако Собранието на акционери на Стопанска банка АД - Скопје ќе донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во износ од денарска протвредност на ЕУР 35.000.000,00 во акумулирана добивка ограничена за натамошна распределба.“
Доколку се реализира овој процес во кој услов за предвремена отплата на кредит од 45 милиони евра е ограничување на право на исплата во дивиденда на 35 милиони евра од акумулирана добивка тогаш ќе бидат ограничени за добивка на акционерите добивките на банката од 2010,2011,2012 и дел од 2013 година. Во акумулирана добивка на „Стопанска банка Скопје“, доколку се реализира ова, би останале 5,72 милијарди денари односно околу 95 милиони евра.
Амбициозен план на „Стопанска банка Скопје“: добивката за годинава и в година да надмине 36 милиони евра
За престојното акционерско собрание на дневен ред е и бизнис планот на банката за периодот од 2015 до 2017 година во кој целите се поставени доста амбициозно, но се поткрепени со реални и активни мерки. Според достапните објавени податоци планот е годинава банката да заврши работење со добивка од 36 до 40 милиони евра. За оваа година проектираната добивка е 36,4 милиони евра, за вгодина е 37,4 милиони евра за во 2014 година да достигне износ од 40 милиони евра. Во овој период 2015 до 2017 година банката очекува кредитите за население да пораснат за 90 милиони евра до износ од 726,6 милиони евра, а кредитите за правни лица годинава да достигнат 381 милиони евра, а во 2017 година да надминат 443 милиони евра. Кај депозитите (вкупни) банката планира годинава да го достигне нивото од 1,11 милијарди евра, а во 2017 година тој износ да надмине 1,24 милијарди евра!
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: