По втор пат се зарази со корона и почина - ова е трет случај во светот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Јануари, 2021
Германец на возраст од 73 години по втор пат се заразил со коронавирусот, по што почина и ова е трет ваков случај во светот.
Тој првпат се заразил со коронавирусот во април лани, а втор пат во декември. Починатото лице е од округот Фројденштат, соопштија здравствените власти на Штутгарт.
„Пациентот почина како последица на ковид-19 пневмонија и сепса, со повеќекратно откажување на органите“, соопштија германските власти.
Шансите досега биле мали некој по втор пат да се зарази со вирусот. Сепак, според лекарите, постојат поединечен број на случаеви каде пациентите не стекнале доволно антитела. И во Македонија имаше случаи на луѓе кои по втор пат се заразиле. Во Италија пак имаше случај каде човек со месеци бил заразен и неговите бели дробови беа скоро целосно уништени. Ова укажува дека вирусот е непредвидлив и опасен.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.