Ученик паднал од трет кат во Прилеп, итно префрлен во Скопје
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025
Ученик на 11-годишна возраст се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од прозор од трет кат во основното училиште “Гоце Делчев” во Прилеп,пренесуваат локални медиуми.
Поради сериозноста на повредите, момчето е препратено од прилепската болница “Борка Талески” на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Шестооделенецот имал скршеници на пршлените, но и на едната петица.