ПОЧИНА ВИЗИОНЕРОТ КОЈ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ: Тој го започна својот бизнис со парите на неговиот татко, еве како успеа
Објавено во: Финансии 18 Јануари, 2025 07:00
Сите брендови, Billabong, Quiksilver, RVCA, Roxy, DC, Element и Honolua беа продадени на Authentic Brands Group (ABG) за 1,3 милијарди долари. Грин живеел краток живот откако собрал огромни суми пари од својот бренд. Тој почина во вторникот во својот дом во австралиската држава Викторија. Тој е запаметен како визионер кој засекогаш го промени светот на сурфањето.
Иако Quiksilver стана глобален бренд вреден милијарди долари, информациите за личното богатство на Алан Грин не се јавно достапни.
Сепак, според извештајот од 2004 година, Грин и неговиот деловен партнер Џон Лоу имале заеднички имот проценет на 303 милиони австралиски долари. Грин беше познат по својот скромен начин на живот и избегнување на медиумското внимание, што го отежнува уште повеќе да се процени неговата нето вредност во моментот на неговата смрт.
Своето професионално патување го започнал во 1969 година, кога заедно со неговите пријатели и ко-основачи на брендот Rip Curl, Брајан Сингер и Даг „Кло“ Ворбрик, почнале да прават одела за пливање во мала изнајмена куќарка во Торки, пишува Б92.
Империјата ја започнал со позајмување од 2.500 долари од својот татко.
Грин, кој тогаш имаше 22 години, брзо се истакна со иновации, вклучително и модерни шорцеви за сурфање со прицврстување на две копчиња. Неговите модели го привлекоа вниманието на меѓународните шампиони во сурфање и станаа незаменлив дел од филмовите и списанијата посветени на сурфањето.
Службеникот во Куќата на славните во сурфањето, Род Брукс, го опиша Грин како „вистинска легенда“, истакнувајќи дека тој е посветен на своето семејство - неговата сопруга Барб и децата Флечер, Холи и Рокси.
„Тој живееше полн живот и зад себе остави наследство што ќе се памети - од брендот Quiksilver до илјадниците работни места што ги отвори низ светот“, рече Брукс.
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




