15 Декември, 2025
0.0302

Починаа четворица пациенти од ковид, 119 се новозаразени

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2020 14:08

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија од 1.325 теста, има 119 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје се регистрирани 35, 17 во Штип, 15 во Куманово, по осум во Битола, Гостивар и Кичево, пет во Демир Хисар, четири во Тетово, по три во Прилеп, Струга, Велес и Охрид, два случаи во Кавадарци и по еден случај во Крива Паланка, Кочани, Берово, Свети Николе и Ресен.

Според последната статистика починати четири лица во изминатото деноноќие. Три пациенти од Скопје на 65, 66 и 73 години и еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст. 

Институтот за јавно здравје информира дека 89 се оздравени, од кои 26 од Тетово, 22 од Скопје, 12 од Штип, десет од Куманово, по четири од Битола и Ресен, три од Кичево, по два од Пробиштип и Свети Николе и по еден од Струга, Велес, Демир Хисар и Кратово.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти,а вкупно е хоспитализиран 81 пациент. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани десет возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и две деца позитивни на вирусот.

„Во ГОБ ‘8 Септември’ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштуваат од МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. 


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти