Почна реконструкцијата на покривот на ОУ„Гоце Делчев“ во Гостивар
Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2019 17:38
Денеска почнаа градежните работи за реконструкција на покривот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Изградбата на новиот прокрив е финансирана од општина Гостивар и од Швајцарската Влада, во партнерство со УНДП во рамки на Програмата за подобрување на отпорноста на Полошкиот регион кон поплавите.
„Овој проект е од исклучителна важност за нашата општина. Објектот веќе подолго време е во исклучително лоша состојба, и сега, со овој зафат, на над 1000 ученици ќе им ги обезбедиме потребните услови за учење. Општината успеа да ги обезбеди потребните средства за негова реализација, па сега очекуваме брзо и квалитетно завршување на работите, во интерес на нашите деца“ – изјави Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар.
Проектот, вреден 354.000 американски долари вклучува и изведба на зелен покрив на дел од училиштето, кој ќе претставува пример на т.н. „зелена инфраструктура“ во градските центри. Овие примери придонесуваат кон подобрувањето на целокупниот квалитет на урбаното живеење, а можат да бидат и ефикасни во намалувањето на ризикот од поплави.
„ Зголемувањето на зелените површини во градовите, како и воведувањето на други порозни површини ќе овозможи подобро задржување на атмосферските води, а со тоа и намалување на ризикот од поплави во урбаните средини. Овој концепт уште е познат под името „градови сунѓери“, изјави Нарине Сахакјан, Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации .
Како што беше истакнато од Швајцарската Амбасада, преку Програмата за подобрување на отпорноста кон поплавите, што ја финансира Швајцарската Влада а ја спроведува УНДП, ќе се поддржат поголем број слични проекти во Полошкиот регион, кои треба да послужат како пример за понатамошниот развој на општините.
Препознавајќи го потенцијалот на овие современи пристапи, од општина Гостивар најавија дека се подготвени да ги намалат давачките за сите идни објекти изградени во согласност со овие принципи. Анализите покажуваат дека, со воведување на овие повеќе зелени и други порозни површини во високо искористениот урбан простор во Гостивар, може да се очекува намалување на поплавувањето од атмосферските води до 30%.
Преку Програмата за подобрување на отпорноста на Полошкиот регион кон поплавите, за поорганизиран и интегриран пристап во решавање на проблемите со поплавите за прв пат во земјата е формирана мрежа од девет општиниво областа намалување на ризици од катастрофи. Овие општини заеднички ќе работат на мерки и активности за намалување на штетите од поплавите, како и на преземање превентивни метки за намалување на ризиците од поплави.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




