19 Декември, 2025
0.0784

Почна Стартап викендот во Скопје,Телеком ќе ги награди трите најдобри тимови со Samsung таблети

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2015 17:34

Добивај вести на Viber

Во Телеком Иновативниот Центар, во управната зграда на Македонски Телеком денес започнува четвртиот Стартап Викенд Скопје 2015. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со локалната стартап заедница, да ги развиваат своите идеи, да добијат вредни награди и да се стекнат со огромно искуство и нови контакти. Освен голема техничка опременост за реализација обезбедена од Македонски Телеком, што ќе го подобри искуството за учесниците и посетителите на настанот, тие ќе имаат и свои претставници во улога на судии и ментори, а најдобрите тимови ќе бидат наградени со Samsung таблети.

„Ние веруваме во иновативноста на македонскиот пазар и нашата определба е да бидеме силни поддржувачи на иновациите и новата технологија и тоа го докажавме со учеството во меѓународниот натпревар Business Wall of Fame, иницијативата Climate challenge камп, сега и со поддршката на Стартап Викенд Скопје 2015. start up vikend1 Се надеваме дека со најдобрите ќе изградиме партнерски однос кој ќе донесе нови вредности и нов квалитет и ќе води до понатамошни придобивки како за деловниот сектор, така и за приватните корисници“ - изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ - Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија. Стартап Викенд е 54 часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат. Стартап Викенд глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави, а ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Секој настан во просек има 85 учесници, кои реализираат по околу 10 нови идеи. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво. Трите најдобри тима Телеком ќе ги награди со таблети, а освен овие подароци победниците на Стартап Викенд Скопје ќе имаат можност да учествуваат на Spark.me конференцијата во Будва, DigitalK конференцијата во Софија и Startup Weekend Sofia.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка