Под мотото Инженерството ја гради иднината - на 9-10 мај по петти пат ќе се одржи меѓународниот конгрес Science@FEIТ
Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2025 15:51
На 9 и 10 мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје. Организатор на овој престижен меѓународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ). Свеченото отворање ќе се одржи на 9 мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton, а конгресот ќе продолжи на 10 мај во просториите на ФЕИТ во Скопје.
Под слоганот „Инженерството ја гради иднината“, Science@FEIT отвора дијалог за улогата на инженерството во современото општество, охрабрувајќи ги младите да размислуваат храбро, критички и интердисциплинарно.
Во рамките на конгресот ќе се одржат предавања за најновите научни и технолошки достигнувања во повеќе области како што се електротехника, телекомуникации, сајбер безбедност, машинско учење, вештачка интелигенција, авијација и слични дисциплини.
Зелената транзиција, идните перспективи на енергетскиот сектор, дигиталната трансформација на општествата и заштита од сајбер закани, ќе бидат темите на панел дискусиите.
Свои излагања на Science@FEIT ќе имаат професори, истражувачи, претставници на институции и на домашни и регионални компании водечки во овие области. Една од главните цели на Science@FEIT да создаде платформа за поголема соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор и иницирање на проекти кои ќе ја интензивираат вклучувањето на науката во реални проекти.
На Science@FEIT ќе бидат организирани практични работилници за зајакнување на вештините кај студентите, а ќе има простор за поголемо вмрежување помеѓу студентите и компаниите.
Настанот се одржува со поддршка на JetBrains, Македонски Телеком, Шпаркасе Банка, Infineon Technologies, EVN Македонија, Gerresheimer и Цементарница УСЈЕ.
Сите дополнителни информации може да ги добиете на нашиот инстаграм профил @fssfeit
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




