Добивај вести на Viber
Хрватската компанија „Подравка“, благодарение на одобрениот заем од Европската банка за обнова и развој, ќе инвестира 9,9 милиони евра во подобрување на сопствената енергетска ефикасност, со што очекува да оствари значителни заштеди, пренесуваат хрватските медиуми.
Претседателот на Управата на „Подравка“, Звонимир Мршиќ, наведува дека средствата од заемот планираат да ги инвестираат во енергетска ефикасност и преку оптимална потрошувачка на енергенси да го намалат влијанието врз животната средина. Со тоа ќе го подигнат досегашното ниво на ефикасно работење на ниво на нивните конкуренти со кои секојдневно се натпреваруваат.