05 Декември, 2025
0.3263

Поевтини кредити, но и пониски камати за штедење!

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2013 07:51

Добивај вести на Viber

Штедењето расте, но со забавено темпо. Растот е резултат на уделот на депозитите на населението. Банкарите најавуваат поефитинување на кредитите, но и натамошно намалување на каматите за штедењето. Заклучно со септември, на име депозити лежат 4,1 милијарда евра, додека кредтната изложеност изнесува 3,6 милијарди евра. Нефункционлните кредити и натаму се во пораст. Заклучно со септември тие изнесуваат 11,5 проценти. Кредитниот и депозитиниот раст во третиот квартал е понизок од очекувањата и проекциите на Народната Банка. Штедењето во денари – во пораст! Депозитната база забаевно расте. Заклучно со крајот на септември, стапката на раст на вкупните депозити изнесува 5,1% и е помала од онаа што ја прокетираше Нардната банка за третиот квартал од 7,3%. Во вкупните депозити, денрските и натаму имаат најголемо учество. “Остварениот годишен депозитен раст во најголем дел е резултат на денарските депозити, при умерен годишен раст на девизните депозити. Притоа, придонесот на штедењето во домашна валута е значително повисок во однос на очекуваниот со последните проекции.“ – констатира Народната банка во најновиот октомвриски извештај. Во август, каматните стапки на денарските и на девизните депозити забележаа месечен пад од по 0,1 процентен поен. И понатаму приносите од денарското штедење се попривлечни за штедачите. Банкарите најавуваат ново намалување на каматите за штедење. Според првиот човек на банкарското здружение, Ѓорѓи Јанчевски, овој потег би бил очекуван поради, како што вели, политиката на НБРМ за постојано намалување на референтната камата и каматата на благајничките записи. Друга причина лоцира и во ликвидноста на банките, која годинава е зголемена за само еден процент. Според Јанчевски, до крајот на годинава можно е и поефтинување на кредитите, кој според него оставриле позначаен раст. “Со оглед на фактот дека банките имаат зголемана ликвидност, а помали пласмани може да се очекува пад на каматите на кредитите. Порастот на економијата во првиот квартал од 2,9 отсто и 3,9 отсто во вториот квартал од годинава имаше свое влијание и врз банкарскиот сектор, односно позитивно се одрази во зголемување на кредитите за 7 отсто кај населението и еден отсто кај компаниите“ – изјави Јанчевски. Според НБРМ, кредитниот раст во септември е со позасилено темпо во однос на август, и тоа главно резултат на нови кредитни задолжувања на населението. “Заклучно со септември  годишната стапка на раст на вкупните кредити изнесува 3,8% и е под проекцијата за третиот квартал од 4,6%. На квартална основа, заклучно со 30.9.2013 година вкупните кредити бележат раст, што преставува половина од очекуваниот квартален раст согласно со априлската проекција.“- оценува НБРМ. На крајот од септември, нефункционалните кредити достигнаа ниво од 11,5%. “Рецесијата имаше свој импакт и врз економијата што се одрази и врз порастот на нефункционалните кредити. Ние сме меѓу земјите кои имаат понизок процент на нефункционални кредити, кој во првите девет месеци од годинава изнесува 11,5 отсто, односно 6,9 отсто кај населението и 14,9 отсто кај компаниите“ - изјави Јанчевски. Заклучно со септември, депозитната база во банките изнесува 4,1 милијарда евра. Кај штедењето на населението е регистриран годишен раст од 6,6% додека кај приватниот сектор раст од 4,1%. Во септември, вкупната кредитна изложеност изнесува 3,6 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката