19 Декември, 2025
0.0403

Поголем минималец ќе има кога ќе има договор меѓу синдикалците и работодавачите

Објавено во: Финансии 11 Август, 2025 12:59

Добивај вести на Viber

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдкалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, се додека нема договор меѓу синдикалците и работодавачите, не може да се носи нов закон, особено не сега, во период на предизбори.

Според премиерот, услугите се клучната причина за раст на инфлацијата. Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната. 

-Јас повикувам на дебата. Ова не е тема што се политизира, туку тема што треба да се дискутира во рамки на институциите. Не е ова тема за политички поени, „аха, види го сега овој, овој е дарежлив, а овој не“. Не е ова таква тема, туку се седнува и се разговара. На последната седница на ЕСС видовме различни ставови кај работодавачите и синдикатите, не но не гледам непремостливи разлики. Во конструктивен разговор ќе се изнајде решение кое ние како Влада ќе го почитуваме. Упатувам порака до синдикалците, има таму неколкумина кои се политички активни во опозицијата, но зборувам за вистинските синдикалци - да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злопутребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, напомена Мицкоски.

Тој потсети дека Владата како најголем работодавец постигна договор за раст на платите во образованието, здравството, МВР,  МО,..., буквално во сите институции и повеќе нема таков, како што рече, со плата еднаква на минималната.

-Останатиот дел е дијалог меѓу другите два партнера, работодавачите и синдикатите. Во однос на инфлацијата, ќе повторам дека услугата е главниот „драјвер“ на зголемената инфлација, а таа ќе расте се додека има кој да ја плати. Кога ќе престанат граѓаните да ја плаќаат, тогаш ќе паднат и цените во услужните дејности и тука ние како Влада не можеме да интервенираме, подвлече премиерот. 


Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми