Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023
Министерството за правда пред десетина дена им ги исплати предвидените средства за 2023 од буџетот на политичките партии. Со зголемувањето на проектираниот национален буџет, според процентот на одвојување, поголема е и сумата на пари која им била префрлена на партиите.
Според она што го покажува платформата „Отворени финансии“, на сметките на политичките партии легнала сума од 376,9 милиони денари, или преку 6 милиони евра за оваа година, што е досегашен апсолутен рекорд.
Најголемата сума од 1,6 милиони евра легнала на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, или поточно 91.742.192 денари. На второто место е СДСМ со 81.407.195 денари, или 1,33 милиони евра.
Трети по традиција се ДУИ со 41.688.382 денари (683.000 евра), понатаму следува Алијанса со 17.168.094 (281.000 евра), а овој пат Левица се искачи на петтата позиција со добиени 14.533.683 (238.000 евра).
За споредба, лани ВМРО-ДПМНЕ доби 1,2 милиони евра вкупно за една година. СДСМ во 2022 „ќе заработи“ 1,15 милиони евра. ДУИ беше трета со околу 550.000 евра. Може да се заклучи дека минатата година сумите биле помали и парите се исплаќаа на „три рати“ низ текот на годината.
Пари им се исплатени дополнително и на партиите што имаат аналитички центри, а треба да се спомене дека партиите пред избори преку Државната изборна комисија добиваат дополнителни пари од буџетот за изборната кампања, односно за рекламирањето во медиумите.
Според постоечките законски регулативи 30 отсто од предвидените пари се за партиите кои на последните локални или парламентарни избори освоиле најмалку 1 отсто од излезените гласачи и се делат подеднакво, а 70 отсто се за партиите кои на последните парламентарни или локални избори освиле пратенички, градоначалнички или советнички мандат.
А:К.
Можеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
