05 Декември, 2025
0.1313

ПОКРАЈ БУЧАВА, ОТСЕГА ЌЕ СЕ КАЗНУВААТ И МИРИС ОД СТАНОВИТЕ: Предлог закон со кој се предвидуваат драконски казни за кршење на куќниот ред во Хрватска

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2024 08:44

Добивај вести на Viber

Законот за управување и одржување на згради, кој кога ќе помине во собраниска процедура во хрватскиот Сабор, треба да стапи на сила следната година, содржи низа големи измени - од полесни правила за енергетско обновување и поставување на лифтови до давање законски статус на станбени згради.

Хрватските предлагачи на Законот за управување и одржување на згради посочуваат дека целта е да се постигне подобро управување и одржување на зградите, а со тоа и да се подигне квалитетот на животот во нив.

Куќни правила

Една од клучните новини воведени со новиот закон се однесува на регулирање на правилата за живот и однесување во повеќекатните згради преку куќниот ред во Хрватска. Со овој документ, кој ќе се состои од општ и посебен дел, ќе се регулираат правилата за заедничко живеење во зградите, од заклучување на влезната врата до вршење работи во становите.

Казни

Една од значајните новини што ги носи новиот Закон за управување и одржување на згради се однесува на воведувањето казни за сосопствениците кои не го почитуваат куќниот ред. Според предложените измени, сосопствениците кои ќе го прекршат куќниот ред ќе имаат обврска да уплатат парична сума во тројна сума од месечниот заеднички паричен фонд.

Предизвици во примената на новите казни

Иако казните се наменети како средство за подобрување на почитувањето на куќниот ред, постојат стравувања дека примената на овие казни ќе наиде на потешкотии, особено во поголемите згради со голем број станови. Претставниците на сосопствениците посочуваат дека ќе биде предизвик утврдувањето на прекршување на куќниот ред, а со тоа и извршување на казните.

И покрај потенцијалните тешкотии, претставниците на косопствениците ќе играат клучна улога во спроведувањето на новите правила. Нивната улога дополнително ќе се зајакне, а од нив се очекува да преземат одговорност за административни задачи, вклучително и процедури за утврдување прекршување на куќниот ред.

Регулирање на бучавата во зградите

Едно од актуелните прашања се однесува на регулирањето на бучавата во станбените згради. Иако се уште не е прецизирано како новиот закон ќе ја регулира оваа област, се очекува косопствениците да мора посериозно да пристапат кон изнаоѓање решение кое ќе ги задоволи сите. Најавен е и правилник кој ќе го пропишува степенот на емисија на звуци или мириси од една во друга станбена единица. Предизвиците во спроведувањето на новите правила се очигледни, но истовремено се очекува подобрувањето на регулативата да придонесе за подигнување на културата на живеење во згради.

Република.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката