Добивај вести на Viber
Три неработни денови како државни празници има во месец август. Како што информираше Министерството за труд и социјална политика, согласно Законот за празници, 2 август (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаа Денот на Републиката на граѓаните. Според календарт на неработни дениви, се празнува и 8 август ( четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам.
Исто така за граѓаните од православна вероисповед, за неработен ден е прогласен 28 август (среда) поради православниот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.