ПОКРОВИТЕЛ Е РАДЕВ: Со бугарски и македонски уметници во Софија ќе бидат одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025 16:21
По повод 153-години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, на 4 февруари, во училиштето каде што учел Делчев во Бугарија, денес Воена академија „Г.С. Раковски“ во Софија, ќе има свечен концерт со класична музика и поезија.
Настанот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.
На концертот, како што соопштуваат од фондацијата „Гоце Делчев“, ќе учествуваат Илина Митревска – сопран од Македонија, Нели Динева – сопран од Бугарија, поезија од Македонија ќе чита актерката и политичарка Валентина Божиновска, Елисавета Шапкарева поезија од Бугарија, Љупка Бијаџони-Гутенберг – диригентка од Германија и Софискиот симфониски оркестар. На концертот се поканети членови на собранијата на Бугарија и Македонија, како и бугарската и македонската влада.
Претходно, делегација од соседната земја доаѓаше на одбележување во „Свети Спас“ во Скопје.На 4 февруари во 2023 година, на граничниот премин Деве Баир имаше инцидент, каде бугарски државјани навредуваа и нападнаа полицајци. Тие сакаа да дојдат на церемонијата во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




