Полицаец сакал непрописно да постави знаме во Битола, колеги го привеле
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2018 12:55
Група од неколку битолчани, меѓу кои и еден полициски службеник кој тогаш не бил на работа синоќа нешто по 21 часот се обиделе да го постават знамето на Република Македонија на јарболот пред спортската сала „Младост“ во Битола.
По пријава на други граѓани, пристигнала полиција која ги привела сите пет битолчани. По направен разговор во полициската станица во СВР Битола тие се ослободени.
Од СВР-Битола за ТВ 21 изјавија дека „група на граѓани се обидувале да постават знаме на Македонија пред спортската сала „Младост“. Толпата била спречена од групата за интервенција со полициски службеници од СВР –Битола.
На самиот јарбол бил искачен полицаец во цивил кој не бил на работа, со уште четири други лица. Лицата се лишени од слобода обавени се разговори и по уредно дадени изјави се ослободени. Констатирано е дека нема елементи на кривично дело.
Граѓаните сакале да го вратат знамето кое подолго време било тргнато од јарболот, но некој ги пријавил по што интервенирала полицијата.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“




