Добивај вести на Viber
Независниот синдикат на полицијата ја одржал првата официјална работна средба со Министерот за внатрешни работи во оваа година, соопштија од синдикатот на својата пофицијална фејсбук стграница.
„На средбата добивме цврсти уверувања дека платите на вработените во МВР во март 2025 година ќе бидат зголемени за околу 15 отсто за што се сложивме дека овие средства не се доволни и дека е потребен план за раст на платите во Министерството за внатрешни работи кои ќе биде во согласност со пазарот на труд и трошоците за живот.
Средствата за дополнителните зголемувања на плати треба да бидат главно обезбезени од трошоците за судските постапки кои во 2025 година треба да бидат значително намалени со оглед дека Министерството почна со исплата на хранарината. Дополнителни средства треба да бидат обезбедени и од намалувањето на бројката на висок раководен кадар во Министертвото што треба да се случи со донесувањето на новиот Закон за внатрешни работи и новата систематизација“, се вели во објавата на Независниот синдикат на Полицијата.
Натаку, од синдикатот велат дека даваат поддршка на реформскиот процес, но доколку тој не ги засега правата на вработените.
„Сметаме дека без промени не може да постои напредок, но пренесовме и дека реформите мора побрзо да се случуваат, за што побаравме формирање на работна група во која ќе биде вклучен синдикатот, која што во целост ќе ги ревидира упатствата, правилниците и другите подзаконски акти во Министерството кои голем дел од нив се донесени пред 30 години и сеуште се во важност, за што наидовме на поддршка и добивме ветување дека таква работна група ќе биде формирана во текот на наредниот месец. Дополнително добивме информација дека во моментов се планира изградба на катна гаража во рамките на Министертвтото која треба да го реши деценискиот проблем со паркирањето на возила на колегите кои работат во кругот на Министерството и секојдневно се изложени на голгота во потрага на паркинг место и се надеваме дека еден ваков сериозен проект ќе биде реализиран во догледно време и дека значително ќе ги подобри условите за работа на голем број колеги“, се вели во соопштението од независниот полициски синдикат.