ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПАСИЛА: Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот кај Химара
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2024 20:27
Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, по што ги спасила полицијата.
Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.
На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба.
Македонските, по косовските, се најбројни туристи кои за одмор го избираат албанското крајбрежје. Нивниот број оваа сезона надминува 400.000.
foto EPA-EFE/MALTON DIBRA
Можеби ќе ве интересира
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!




