Добивај вести на Viber
Турската полиција вчера спречи стотици новинари кои сакаа да одржат мирен протество Истанбул. Притоа новинарите побараа да се обезбеди слобода на медиумите и го осудија притисокот врз нивните колеги кои известуваа за време на големите антивладини демонстрации во земјата. Тогаш голем број новинари во Турција беа приведени, а некои се под постојана лупа на властите, додека известуваа за тринеделните протести.
Дел од новинарите застанаа на страната на демонстрантите поради што беа отпуштени од работа или самите си дадоа откази.
Наместо планираниот марш вчера до главниот плоштад во Истанбул, по интервенцијата на полицијата новинарите одржаа протест со седење.