ПОЛИЦИЈАТА ПОТВРДИ: Непознато лице влегло во домот на доктор Вело Марковски
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020
Полицијата потврди дека непознато лице влегло во домот на доктор Вело Марковски.
Настанот се случил вчера вечерта околу 21,20 часот.
Марковски во полиција пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога е забележано избегало.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Марковски неодамна е избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.