Полицијата уапси скопјанец кој се заканувал и ги тепал своите партнерки
Објавено во: Македонија 27 Август, 2022 08:25
Полицијата уапси скопјанец кој ги напаѓал и се заканувал на своите поранешни и сегашни партнерки. Тој претходно нападнал неколку жени.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 23 месецов во 17.25 часот на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста.
Првото кривично дело пријавениот го сторил на 29 ноември во 2020 година на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје.
Второто кривично дело го извршил на 24 јули лани на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје.
Третото кривично дело пријавениот го извршил на 9 март годинава на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот.
Полицијата до ОЈО Скопје против пријавениот поднесе соодветна кривична пријава по брза постапка и тој денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.
Можеби ќе ве интересира
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




