01 Јануари, 2025
0.0442

ПОЛИТИЧАР НА ДЕСНИЧАРСКАТА AfD ПОЗДРАВУВАЛ „SIEG HEIL“: Даниел Халемба поттикнувал и расни навреди

Објавено во: Свет 30 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Политичар од екстремно десничарската партија Alternative für Deutschland (AfD) беше уапсен денеска под обвинение кое вклучува истакнување на забранети тоталитарни симболи. Соседите од неговото братство се пожалиле дека често го слушаат нацистичкиот поздрав „Sieg Heil“. Инаку, новоизбраниот Даниел Халемба (22) во четврток треба да седне на во баварскиот регионален парламент.

Тој е член на студентското братство „Тевтонија Прага“, чии простории полицијата ги пребарала во септември. Официјалните лица потврдија дека пронашле забранети симболи за време на рацијата - германскиот устав забранува прикажување симболи на тоталитарните режими како што е кукастиот крст - а соседите се пожалија дека слушаат „Sieg Heil“ (Да живее победата).

Портпаролот на обвинителството изјави дека Халемба ќе биде изведен пред суд подоцна денеска или утре. Обвиненијата вклучуваат поттикнување расни навреди. Растечката важност на дебатите за миграцијата ѝ помогна на AfD да постигне низа силни изборни резултати во постиндустрискиот Исток на Германија.

Тој се приклучил на братството како студент по право

Партијата, втора според анкетите во неколку источни држави, постигна рекордни резултати во западните покраини Баварија и Хесен на 8 октомври. Истакнати личности од партијата, како што е европратеникот Максимилијан Кра, ја споредуваат имиграцијата со колонијализмот и наведуваат дека „грабнувањето ориентално земјиште“ води до „сексуална злоупотреба на европските девојки“.

Халемба, кој му се придружи на братството како студент по право во Вирцбург, го наведе Бјорн Хоке, лидерот на екстремната десница AfD, како негов политички модел. „Тие сакаат да ме уапсат мене, избран пратеник во државниот парламент, три дена пред да седнам на моето место,“, рече Халемба во видео споделено на каналот Телеграм на неговиот адвокат.

Германските братства, од кои многу датираат од првото обединување на земјата во 19 век, се познати по својата конзервативна, често националистичка филозофија.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ГОДИНА: Кои се земјите кои последни ќе ја дочекаат 2025?

НОВА ГОДИНА: Кои се земјите кои последни ќе ја дочекаат 2025?

ПУТИН СО НОВОГОДИШНА ПОРАКА: Русите постојано ги надминувале искушенијата бидејќи биле заедно

ПУТИН СО НОВОГОДИШНА ПОРАКА: Русите постојано ги надминувале искушенијата бидејќи биле заедно

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА: Маж во Германија украл багер и со него отишол од еден во друг град

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА: Маж во Германија украл багер и со него отишол од еден во друг град

(ВИДЕО) УПОТРЕБИЛЕ ПОМОРСКИ ДРОН: Украинците собориле руски хеликоптер кај Крим

(ВИДЕО) УПОТРЕБИЛЕ ПОМОРСКИ ДРОН: Украинците собориле руски хеликоптер кај Крим

ДЕФЕКТ ВО МРЕЖАТА: Скоро цела држава остана без струја на новогодишната ноќ

ДЕФЕКТ ВО МРЕЖАТА: Скоро цела држава остана без струја на новогодишната ноќ

БЕРЛИН: Маж со нож денеска нападнал повеќе луѓе

БЕРЛИН: Маж со нож денеска нападнал повеќе луѓе

„ПОЛИТИКО“: Најголеми губитници годинава се Путин, Макрон и Шолц

„ПОЛИТИКО“: Најголеми губитници годинава се Путин, Макрон и Шолц

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈЦИТЕ ЈА ДОЧЕКАА НОВАТА ГОДИНА: Голем огномет имаше во Сиднеј

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈЦИТЕ ЈА ДОЧЕКАА НОВАТА ГОДИНА: Голем огномет имаше во Сиднеј

ГОДИНА НА ГЛОБАЛНИ ТУРБУЛАНЦИИ – ТРАМП СЕ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА, АСАД ПАДНА, ГАЗА ВО ПЕПЕЛ: Политички, економски и социјални пресврти во 2024

ГОДИНА НА ГЛОБАЛНИ ТУРБУЛАНЦИИ – ТРАМП СЕ ВРАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА, АСАД ПАДНА, ГАЗА ВО ПЕПЕЛ: Политички, економски и социјални пресврти во 2024