АГЕЛЕР ЗА ГРУБИ: Не знам каде се наоѓа, сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2024
Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.
Taa за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој e осомничен за случајот „Државна лотарија“, денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела.
„Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела и се надевам дека тој (Груби) е еден од нив“, изјави Агелер.
Груби избега од државата и по него е распишана потерница. Прво тој самиот се јави дека е на Косово и дека ќе се врати, но тоа не се случи.