Политички претпоставки: Што ако Иванов му го даде мандатот на Груевски по втор пат?
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2017 21:14
Кога политичарите молчат аналитичарите шпекулираат. Кога веќе од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема никакви нови официјални информации тоа остава простор за разгледување на различни политички сценарија.
Во нив се почесто улога добива и претседателот Иванов, за кој дури се шпекулира дека би си дал и оставка за само да не му го додели мандатот на Заев, во случај да пропаднат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ. Но, сега се поставува прашањето дали Иванов може повторно да му го даде мандатот на Груевски или пак на друг претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Груевски не успее да формира влада, Иванов треба да и даде можност на опозицијата да формира влада. Второто решение е ако по 29 се постигне согласност за коалиција меѓу СДСМ и другите албански партии, претседателот по устав е должен да го додели мандатот на оваа партија. Ако тоа не се случи, ова мнозинство е доволно за да го свика собранието, да избере претседател на Собранието и после на седница на Собрание да се избере самата влада“, вели Кадриу за НОВА.
Професорот Шкариќ веќе посочи дека Иванов еднаш го прекршил Уставот со тоа што му го даде мандатот на Груевски без тој да покаже сигнали дека има јасно мнозинство во парламентот.

„Претседателот треба да го даде мандатот на оној што ќе му понуди доказ дека има формирано мнозинство. Ако Груевски не успее да обезбеди мнозинство, а Иванов му го понуди мандатот на втор член на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде второ кршење на Уставот. Тој излегол од Уставот со тоа што му дал мандат на личност што нема обезбедено мнозинство“, вели Шкариќ за Нова.
Третото сценарио со оставка на Иванов секако ќе предизвика нова и уште посериозна политичка криза, но во таков случај има излез бидејќи ако во собранието има мнозинство тоа може да избере претседател кој во такви услови привремено би ја вршел функцијата и претседател на државата до наредните претседателски избори, па ќе може и да го додели мандатот на мнозинството за формирање на нова влада.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




