06 Октомври, 2024
0.0275

ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА: Договорот е позитивен, но има кризни жаришта!

Објавено во: Економија 16 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Договорот помеѓу власта и опозицијата за решавање на политичката криза е позитивен, но ризиците за економијата сеуште демнат, коментираат од бизнис секторот. Според бизнисмените новите предвремени парламентарни избори закажани за април следната година, значат нова незивеснот за економијата и бизнис климата.Од Стопанската комора на Северозападна Македонија очекуваат политичкиот договор да придонесе за создавање на позитивна бизнис клима. -Мислам дека политичкиот договор е многу важен чекор во надминувањето на актуелната криза и чекор кон решаванје на клучните предизвици со кои се соочува земјата. Не очекувам имплементацијата на договорот меѓу владејачката партија и опозицијата да има влијание врз бизнис секторот, затоа што не можам да прогнозирам како ќе влијае постигнатиот политички договор во иднина, но ако ја земеме во предвид дологорочноста на неговата имплементација со меѓународниот мониторинг мислиме дека ке бидат една гаранција дека ќе имаме позитивна клима за бизнис.            Ние како Комора ќе ја следиме имплементацијата на овој договор во наредните месеци и се надеваме дека економијата ќе продолжи да расте бидејќи ќе биде ослободена од кризата и ќе ја насочи земјата кон евроинтеграциите, вели за Фактор,претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа. Од Сојузот на стопански комори на Македонија сметаат дека политичкиот договор  нема да има какво било влијание врз вработувањето или инвестициите во следниот  период, поради долгорочноста на примената на  договорот. -Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но, дологорочноста на неговата имплементација сметаме дека ќе ги ублажи влијанијата и нема да се почувствува во бизнис секторот. Ако договорот беше кракторочен, секако ќе имаше влијание, изјави Саша Огненовски, од Сојузот на стопански комори на Македонија. Од Комисијата за економија и финансии при Либералната партија, велат дека постигнатиот договор помеѓу власта и опозицијата ќе ја подобри економската состојба, но сепак не треба да се гледа на договорот со многу оптимизам. -Постигнатиот договор секако дека може да ја подобри ситуацијата во економијата. Сепак работите може да не бидат толку оптимистички ако се земе предвид дека доста работи во договорот не се регулирани може да има од време на време екцеси. Не успеавме да се израдуваме ниту еден ден и сведоци бевме на физичка пресметка помеѓу висок претставник во власта и медиумски работник. Сите страни треба да бидат претпазливи да не доаѓа до кризни жаришта и со тоа да се влошат економските состојби. После одморите остануваат неколку месеци да се надополнат негативните досегашни трендови во годината, вели за Фактор Венко Глигоров, претседател на Комисијата за економија и финансии при Либералната партија. Со политичкиот договор според премиерот Никола Грувески економијата се ослободува од наметнатите стеги од политичката криза и ќе продолжи да расте. Ризиците за бизнисот не се надминати Од  Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека послидиците од политичката криза се чувствуваат во бизнис секторот, и остануваат на барањата кои ги испорачаа до Владата пред два месеци-Владата да се воздржи од нереални ветувања, кои реално и не може да ги исполни, како што се зголемување на плати, пензии, разни субвенции и нереални ветувања. -Со оглед дека и ние ги чувствуваме последиците од кризата, чувствуваме потреба уште погласно да ги нагласиме нашита барања за итно вклучување на сите фактори во стабилизирање на состојбата. Владата да се воздржи од нереални ветувања, кои реално и не може да ги исполни, како што се зголемување на плати, пензии, разни субвенции и нереални ветувања. Во таа насока Владата исто така да не се преоптоварува и да се задолжува дома и надвор за гореспоменатите работи. Многу е важно и Народната банка и Министерството за финансии да ги следат финансиските трансакции за да нема неконтролиран одлив на пари. Има ли доволно пари во буџетот, колку државата е финансиски стабилна? Притисокот и неизвесноста околу политичката криза ги мобилизира бизнисмените кои бараат цврсти гаранции за стабилноста на финансискиот систем. Политичките партии беа насочени кон нивните лични интереси, а ситуацијата секој ден стануваше се по драматична. Значи ние бевме притиснати како комора од членките со оцекуваее што ќе се случи во Македонија. Многу фирми сакаат да инвестираат или да се прошират со нивниот бизнис, а од друга страна никој не можеше да даде конкретен одговор, ниту од Владата, ниту од опозицијата, вели Хоџа. Дали политичкиот договор ќе ја врати довербата кај странските инвеститори? Случувањата на политичката сцена и немирите во кумановската Дива населба се лош  лош сигнал за странските инвеститори. Минатата недела вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека дел од странските инвеститори ги замрзнуваат одлуките за вложување. Податоците од Народната банка покажуваат дека Во првите четири месеци од годинава во споредба со истиот лански период, салдото на инвестициите е помало за 13 милиони евра.Но дали постигнатиот полички договор ќе ја врати довербата кај странските инвеститори? -Кратко е времето, а странските инвеститори не чекаат на граница за влез со парите за да веднаш инвестираат. Особено познавајќи ги нивните принципи, ќе бидат претпазливи додека не завршат изборите во април 2016. На мислење сум дека дури и некои што одлучиле за инвестиции претходно, може да причекаат да има разврска. Затоа е важно периодов да се смири ситуацијата за да можеме да очекуваме подобрување најрано втората половина од наредната година. Предолго траеше последната политичка криза во која имаше и огнени престрелки во мај. Капиталот е плашлив кога станува збор за инвестирање. Во интерес на државата е двете партии да се воздржат од груби пресметки и да работат на задоволување на потребите на граѓаните и постоечките бизниси, вели Глигоров. Дел од стопанските комори порачуваат политичарите да бидат разумни, што поскоро да ги надминат недоразбирањата затоа што постојат сериозни ризици за подолг застој на економијата. -Ваквата состојба може да се одрази негативно и врз имиџот на Македонија, кој изминативе години го градевме во странство со цел привлекување на странски инвеститори. Идеалната територија за бизнис, лесно може да се претвори во црна точка на инвестициската мапа, вели Хоџа. Политичката криза го ревидираше економскиот раст Поради политичката криза дел економистите и Меѓународниот монетарен фонд излегоа со надолни прогнози за растот на економијата оваа година. Според дел од економските аналититачари економскиот раст наместо проектираните 4 отсто, годинава ќе биде 3,4 осто а можеби и помалку. Во последниот извештај ММФ посочи дека  домашната политичка криза и случувањата во Грција ќе го забават економскиот раст. Монетарците прогнозираат пораст на економијата од 3,2 отсто. Фондот во извештајот укажа дека зголемените буџетски трошења од почетокот на годинава за плати, слабата напалата на ДДВ, расходите од влошената безбедноста ситуација, ќе го продлабочат дефицитот од 3,4 на 4 отсто од БДП. Предупреди Владата да ги скрати буџетските трошења за да го намали дефицитот под 3 отсто. -Ребалансот на буџетот кој моментално се разгледува треба да ги идентификува мерките за надоместување, вклучувајќи и намалување на трошоците за стоки и услуги и субвенции, како и собирање на заостанатите даноци, а сите приходи поголеми од планираните треба да се зачуваат за да се обезбеди фискален резултат што во голема мерка ќе биде во согласност со првичниот буџет. Во отсуство на какви било промени во даночните стапки, консолидацијата ќе бара зголемување на ефикасноста во наплата на ДДВ, што е ниска според регионалните стандарди, и намалување на социјалните трошоци и трансфери врз основа на темелна проценка на јавните расходи, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд. Еврокомесарот Јоханес Хан неодамна изјави дека политичката состојба ќе се одрази врз вкупната економија. -Очекуваниот економски раст од 4 проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 насто. Сите инвестициски одлуки на странските компании се на чекање, изјави Хан. Проекциите за раст од 4,1 отсто на Народната банка засега остануваат непроменети, но сепак гувернерот Димитар Богов најави дека можно е да има ревизија. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?