15 Јануари, 2025
0.0959

Полицијата и инспекторите го исчистија центарот на Струмица од дивите продавачи

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

За само два дена пазарните и ветеринарните инспектори со асистенција на полицијата ги отстранија дивите улични продавачи од центарот на Струмица. Грдата слика, која буквално беше див шопинг центар на отворено, повеќе ја нема. Акцијата на надлежните служби почна вчера со запленување двесте килограми риба-карас, која препродавачите ја продаваа пред очите на сите, за само 50 денари за килограм. Препродавачите велат дека легално ја набавиле од Дојран и дека ја продаваат за заработувачка од само 5 денари. Додаваат дека тоа го прават оти се принудени на таков начин да заработат пари за скромна живеачка.

-Што да правам? Немам ниту социјална помош, ниту било каква друга помош. Маж ми е во затвор, а свекорот е болен, па морам така да се снаоѓам. Подобро така да заработам, отколку да крадам, вели продавачка, на која и беше одземена рибата. Покрај риба, на пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“ се продаваше се и сешто-прехранбени производи, текстил, обувки, па дури и  лекови. Ваквата грда слика во центарот на Струмица полека стануваше заштитен знак на градот под Царевите Кули. По пријава од граѓани, вчера конечно реагираа инспекциите, а од Агенцијата за храна и ветеринарство се огласија со соопштение за акцијата. -Станува збор за риба за која, спротивно на член 32 од Законот за безбедност на храната, инспекцијата утврдила дека не постои никаков документ за следливост и која се продавала на место каде не се исполнети општите барања за безбедност на храната (член 27 од Законот), ниту посебните хигиенски барања и условите за ставање  во промет на храна од животинско потекло. По направената контрола од страна на овластениот ветеринар, со записник, рибата е одземена и  нештетно е уништена. Согласно одредбите од Законот за безбедност на храната, против сторителите на ваквиот прекршок ќе бидат изречени соодветни мерки, стои во соопштението на Агенцијата за храна и ветeринарство. Против уличната продажба реагираа и легалните продавачи од пазарот во Трговскиот центар „Глобал“. Тие својот протест го изразија мирно и со неотворање на тезгите. Велат дека се одлучиле на таков чекор поради незаконската конкуренција и бараат од надлежните повеќе да не дозволат уличните продавачи да се вратат на улица. Во спротивно се закануваат дека ќе ги радикализираат протестите. -Тие ја продаваат скоро истата стока, како и ние, но ја продаваат по многу ниски цени. Тие за тоа никому не плаќаат, а ние плаќаме. Откако најавивме дека ќе протестираме реагираа инспекторите. Доколку повторно продолжи нелегалната продажба, протестот повторно ќе го активираме, но во друг, порадикален облик, ни рече Златко Петров, сопственик на тезга во ТЦ „Глобал“. Откако беа избркани од центарот на градот, дивите продавачи се преселија на друга локација, по улиците во близина на Пазарот „Чешел“. Но, и таму беа спречени од полицијата да вршат продажба. Дивите продавачи,кои најголем дел се припадници на турската заедница во Струмица, реагираа на таквиот однос и се заканија дека нема да излезат на гласање на изборите. Вчера полицијата и пазарните инспектори го чуваа центарот од дивите продавачи. По вчерашната акција, централната улица, по подолго време, е без вообичаениот декор од импровизираните тезги на препродавачите. Досега имаше многу обиди да се стави крај на нелегалната продажба во центарот на Струмица. Дали последната ќе ги исчисти улиците од дивите продавачи или тие повторно ќе се вратат зависи од надлежните служби, кои досега решавањето на проблемот го префрлаа едни на други.

Ѓ.Т.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања