Добивај вести на Viber
Полската осигурителна компанија ПЗУ, е заинтереирана да се прошири и на балканскиот пазар и за таа цел пројавила интерес да ја преземе словенечката осигурителна компанија „Триглав“, информираат словенечките медиуми.
Во својата стратегија, ПЗУ јасно ја изразува намерата за експанзија на компанијата на балканскиот пазар, поради тоа што пазарот на средна Европа е заситен од големите играчи како што е „Алијанс“, „Виена иншуранс груп“, „Ка-бе-це“ и „Генерали“.
Словенечкиот „Триглав“, пред шест години го купи македонскиот „Вардар осигурување“.