ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година
Објавено во: Финансии 11 Јуни, 2025 07:35
Плановите на Владата за трошењето и задолжувањето се претставени во најновата Фискална политика за периодот 2026 - 2030 година, која, како што е наведено,„ќе биде насочена кон подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето со јавните финансии и високо ниво на капитални расходи“.
Документот веќе е во Собранието, а според него ќе се преземат мерки за консолидација со цел постигнување умерено ниво на задолженост.
- Клучни елементи на фискалната политика ќе бидат дисциплинирана фискална политика, намалување на сивата економија и поголема наплата на приходите и фискална консолидација. Ќе продолжи поддршката на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста– се посочува во документот.
Планот е даночната политика да се базира на намалување на сивата економија и поголема наплата на средствата во државниот буџет. Преку зголемена дигитализација да се намали сивата економија и да се воспостави ефикасен даночен систем со цел секој на праведен начин да ги плаќа своите обврски.
- Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата– се потенцира во документот.
Нагласено е дека фискалната стратегија за период 2026-2030 годна споредено со претходната има незначителни отстапувања.
- Кај стапките на економски раст со новата стратегија предвидено е забрзување на економската активност. На почетокот ефектите од неповолното надворешно опкружување се очекува да бидат неутрализирани од подинамична реализација на крупните инфраструктурни проекти, како и мерките за поддршка на приватните инвестиции и почеток на најавените странски директни инвестиции – се појаснува во извештајот.
Со очекуваното стабилизирање на надворешното окружување и јакнењето на извозниот капацитет на земјата се очекува и нето – извозот да има позитивен придонес од средината на проектираниот период.
- Како резултат на мерките на Владата кои придонесоа за намалување на инфлацијата се очекува трендот да продолжи до крајот на годината. Од 2026 се очекува стабилизирање на инфлацијата на ниво од 2 отсто годишно.

Споредено со претходната фискална стратегија кај проекциите на платниот биланс, се очекува позабавено стеснување на дефицитот на тековната сметка, во услови на понеповолно надворешно окружување и поумерено намалување на трговскиот дефицит како и очекуваната пониска стапка на раст на трансферите од странство – се додава во извештајот.
Во делот на пазарот на труд има незначителни отстапувања во однос на претходните проекции, во услови на континуиран раст на вработеноста и намалување на невработеноста и раст на платите согласно продуктивноста.
Споредено со стратегијата за управување со јавниот дол 2025-2029, во Стратегијата 2026-2030 се предвидуваат зголемени потреби за странско и домашно задолжување, како резултат на зголемени буџетски потреби за финансирање на капитални инфраструктурни проекти.
И покрај зголемувањето на странското и домашното задолжување, нивото на државен и јавен долг како процент од БДП проектирано во Стратегијата за управување со јавниот долг 2026-2030 бележи тренд на благо намалување, како резултат на ревидираните проекции за повисок раст на БДП.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





