29 Септември, 2023
0.0256

ПОНИСКИ ПОРАМНИТЕЛНИ ФАКТУРИ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ - топлото време не куртули од скапото парно

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

ЕСМ Снабдување со топлина нагласува дека грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април. Но иако изминатата грејна сезона траела девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури.

Токму затоа најголем дел од потрошувачите кои ги плаќаат фактурите на 8 и 12 месечни рати (97 отсто), оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури споредено со авансните. Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот, соопштија од компанијата.

Инаку, потрошувачите, во текот на грејната сезона, во фактурите за топлинска енергија добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија.

-Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата доколку нема заостанати долгови, соопштија од ЕСМ снабдување со топлина.

Можеби ќе ве интересира

Дрин Ахмети стана директор на Соравиа

Дрин Ахмети стана директор на Соравиа

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“

ЕКСПО СЕКТОРОТ СЕ ВРАЌА ВО ИГРА - значајни успеси после паузата од пандемијата

ЕКСПО СЕКТОРОТ СЕ ВРАЌА ВО ИГРА - значајни успеси после паузата од пандемијата

Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД

Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД

Во која европска земја има најмногу слободни работни места?

Во која европска земја има најмногу слободни работни места?

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ, ГОРИВАТА ИМААТ НОВИ ЦЕНИ - еве кој ќе се израдува, а кој ќе остане рамнодушен

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ, ГОРИВАТА ИМААТ НОВИ ЦЕНИ - еве кој ќе се израдува, а кој ќе остане рамнодушен

Пелетите остануваат со повластена даночна стапка, како и дигиталните учебници

Пелетите остануваат со повластена даночна стапка, како и дигиталните учебници

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

Бектеши: Зимоска ќе имаме поевтино јужно овошје

Бектеши: Зимоска ќе имаме поевтино јужно овошје