ПОПИСОТ СЕ БЛИЖИ ДО ФИНИШ: Еве колкумина се попишани досега
Објавено во: Економија 27 Септември, 2021
На 30 Септември или уште три дена ќе заврши попишувањето на населението.
Официјалната статистика вели дека до вчера се попишани 1 540 301 лице.
Од петти септември кога и започна попишувањето 479.806 домаќинства и 670.988 станови влегле во официјалните бројки.
Оваа статистичка операција се изведува по 20 години, а има и можност за самопопишувањето, за лицата кои живеат во странство. Досега од нив сами се попишале 197 033 граѓани од дијаспората.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.