Попладнево слаб земјотрес во Скопје
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2017
Земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтер е почувствуван попладнево во Скопје.
Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 16.28 часот и потекнува од Скопското епицентрално подрачје..
Според досегашните податоци, потресот е почувствуван во главниот град и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Потресот е почувствуван во Србија и Косово.
И лани во земјава имаше серија земјотреси во Скопје, во Карбинци, Дојран.