ПОПЛАВИ И ВО БУДИМПEШТА: Дунав се излеа од коритото
Објавено во: Свет 19 Септември, 2024
Реката Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на унгарската престолнина Будимпешта.
Во текот на денот нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата го покрива насипот на долниот кеј во Пешта пред зградата на унгарскиот Парламент, пренесе Индекс. хр.
Затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта. Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача.
Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја.
Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.
Бурата Борис направи штети и во Италија. Во Европа загинаа 23 луѓе во поплавите.foto EPA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.