ПОПЛАВИТЕ ВО НЕПАЛ НОСАТ СЕ ПРЕД СЕБЕ, НАД 110 ЛУЃЕ ЗАГИНАА - се трага по голем број исчезнати (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 29 Септември, 2024
Најмалку 112 лица го загубија животот во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми.
Одроните и поплавите предизвикани од дводневниот силен дожд во оваа хималајска земја ги принудија локалните власти да ги затворат училиштата три дена.
„Поплавите го парализираа сообраќајот и секојдневните активности во долината Катманду, а три автопати, вклучително и клучната сообраќајница Притви што го поврзува Катманду со остатокот од земјата, се блокирани поради лизгање на земјиштето. Автобускиот сообраќај на патиштата е забранет во текот на ноќта, а на возачите им се советува да не излегуваат на патот. Дождот се очекува да продолжи“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Непал, Риширам Тивари.
Devastating floods hit Kathmandu Valley and other parts of Nepal.
— Sky News (@SkyNews) September 28, 2024
A number of deaths have been confirmed while thousands of rescues have been carried out across the capital.https://t.co/OJwUg7wx8K pic.twitter.com/lUoJoFQcNf
Делови од Катманду беа целосно поплавени, како и многу куќи, поради што жителите беа принудени да се засолнат на последните катови од нивните станбени згради, а непалските безбедносни сили се ставени во состојба на готовност.
Update: 112 deaths across Nepal while 65 people still missing. 49 killed in Kathmandu Valley alone.
— Nepali Times (@NepaliTimes) September 29, 2024
Four major hydropower projects have been shut down due to damage reducing generation capacity by 1,700MW. Rotating power cuts in effect.
Full story: https://t.co/6sF2cn6Pxc pic.twitter.com/CydyZNkX0T
Фото: Принтскрин/Твитер
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.