Попоски за странски медиуми признава каде згрешиле во преговорите со ЕУ
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016 14:23
„Направивме страшни грешки“ во преговорите со Европската унија и решавањето на проблемот со името, тврди министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за виенски весник.
Попоски вели дека кога ЕК во 2009 година понудила старт на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, на што Грците рекле дека се согласуваат со почеток на преговори и проблемот со името да се реши во следните неколку месеци, Македонија „направила катастрофална грешка“ и во меѓувреме ниту ги отпочнала преговорите, ниту го решила проблемот со името.
Oдговарајќи на новинарско прашање дали Македонија може да очекува напредок во пристапот кон ЕУ, без решение за името, министерот вели:
„Што се однесува до ЕУ, направивме огромна грешка во 2009-та година. Тогаш ја примивме првата препорака од Евопската комисија за старт на преговорите. Предлогот на Грција беше да ги започнеме преговорите, а по неколку месеци да го решиме проблемот со името. Во меѓувреме, ние ниту ги започнавме преговорите – ниту го решивме проблемот со името, и јасно е дека нема да има решение, затоа што нема да има морков на крајот. Затоа битен елемент е да се врати сигурноста. Тоа може да се направи со започнување на преговори за пристапување. Грција нема да ги изгуби своите позиции, затоа што е јасно дека нема да можеме да ги започнеме преговорите без согласност од Грција. Грчката позиција е: Поради прашањето за името, можеме да ви го направиме животот мизерен, се додека не ги исполните нашите услови“.
Во однос на состојбата во земјава, запрашан дали би било добро да продолжат преговорите за кризата меѓу 4-те партии после изборите , Попоски посочува дека овие преговори се случиле поради опозицијата која го блокирала Парламентот, додавајќи дека по изборите, овие разговори повторно треба да се одвиваат во парламентот, наместо по амбасадорски резиденции.
За СЈО Попоски вели дека временската рамка била прецизна и дека неговата партија има јасен став околу тоа.
„Сакаме ова да заврши во одреден временски период, затоа што сакаме да се врати стабилноста. Секаде постои прислушување, но никаде тоа не е јавно колку во Македонија. Ова исто така го покажува нивото на слобода во Македонија. Ако смениме нешто сега, во однос на пролонгирањето се менуваат и други параметри. Не можете да го одберете само тоа што ви одговара. Сега има избори и има и обвинувања, или не“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




