Добивај вести на Viber
Хрватската влада на денешната седница одлучи да и ја одземе Вилата Чингрија во Дубровник на Хрватската радио телевизија, информираат хрватските медиуми. Ваквата одлука следува поради даночниот долг на телевизијата кон државата, а оваа единствена недвижност во Дубровник е само една од шесте недвижнини кои и се одземени на ХРТ.
Проценката е дека Чингрија вреди 13.828.184,55 куни, но тоа не е ниту приближната сума која ја должи националниот сервис.
Како што и претходно пишуваа хрватските медиуми, се разгледувала и одлуката, ХРТ на државата да и ја препушти и вилата Дубравка во која е сместено Радио Дубровник, но околу неа се води судски спор околу денационализација, па поради тоа можеби и не била тема на денешната владина седница.
Државата наводно ја превзема Чингрија за резиденцијални потреби, а Радио Дубровник и дописништвото на ХРТ во Дубровник треба наскоро да се преселат во зградата Фине, но тоа се уште се неслужбени информации.